ФОТО: Гостиварка можеби е меѓу настраданите во нападот во Минхен

Армела од Гостивар можеби е меѓу настраданите во вчерашниот терористички напад во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, објавуваат косовските медиуми.

Мајката на девојката изјавила дека нејзината ќерка била во трговскиот центар за време на нападот, пренесува Курир.

-Мојата ќерка беше во продавница во трговскиот центар. Од моментот на нападот, нејзиниот телефон е исклучен. Син ми отиде да ја бара во болница, изјавила мајката на Армела за Газета Експрес, Назмие Сегаши.

За состојбата на девојката се уште не се знае ништо. Германската полиција изјави дека имињата на загинатите нема да се објават додека не бидат информирани нивните семејства.

Косовската амбасадорка во САД, Фљора Читаку на својот твитер профил ноќеска по полноќ објави дека косовските медиуми објавуваат дека меѓу жртвите е и Албанец од Македонија.

status