ФОТО: Градоначалникот Трајановски го чистеше обоениот плоштад

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски синоќа го чистеше плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, откако истиот претходно беше обоен од страна на опозициските поддржувачи, кои претходно протестираа.

vandali-plostad

Вандализам, ултиматум и дивеење. СДСМ и „шарените“ вандали вчера целосно го обоија скопскиот плоштад откако со кофи фрлаа црвена боја и со ваљаци во рацете размачкуваа по целата површина на плошатадот.

koce-1-640x480

На овој начин, „Шарената револуција“ зад која стои СДСМ и СОРОС продолжи со уништување на спомениците и плоштадот „Македонија“. Граѓаните кои се шетаа низ центарот на градот не можеа да поминат низ плоштадот па мораа да заобиколуваат по споредните улички.

koce-5-640x480

Освен плоштадот, на мета за уништување синоќа повторно беа Владата и Собранието, а сето тоа се случуваше под будното око на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој беше на чело на протестите.

koce-4-640x480

По ваквата акција на опозициските вандали, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски лично се погрижи за чистење на плоштадот од атакот на „шарените“ и како што може да се забележи на фотографиите, истиот е целосно исчистен. Во чистењето помогна и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски.

koce-3-640x480 koce-6-640x480

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.