Македонија

ФОТО: Градот Скопје испрати порака за штедење на енергетските ресурси

ФОТО: Градот Скопје испрати порака за штедење на енергетските ресурси

Со исклучување на уличното осветлување на улицата „Македонија“, плоштадот „Македонија“ и плоштадот „Филип Втори“, како и на илуминациите на палатата „Пелистер“, Ристиќевата палата, Камениот мост, Скопската тврдина, мостот „Око“, Мостот на уметноста, Археолошкиот музеј и Музејот на македонската борба за самостојност Градот Скопје синоќа се вклучи во одбележувањето на светски познатото движење „Час на планетата Земја“.

Casot na planetata 2015 (1)

Во истиот термин, стотици градови од 162 држави во светот ги исклучија светилките и испратија порака за штедење на енергетските ресурси и за намалување на климатските промени.

Casot na planetata 2015 (2)

Кога се исклучија светилките во центарот на Скопје, на просторот меѓу палатата „Пелистер“ и Ристиќевата палата, присутните граѓани имаа можност да погледнат уникатен флеш моб перформанс со светлечки ефекти. На плочникот, пак, со запалени свеќички беше формиран бројот 60+ што означува шеесетминутно штедење на енергетските ресурси и заштита од климатските промени.

Casot na planetata 2015 (3)

Организатори на оваа активност беа Градот Скопје, Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја 60+“, Црвениот крст и Министерството за животна средина и просторно планирање. Акцијата ја поддржа и ЕВН која го исклучи и повторно го вклучи осветлувањето на наведените објекти без надоместување на финансиските трошоци.

Casot na planetata 2015 (4)

Планетарното движење „Часот на планетата Земја“ е поддржано од светски познатата еколошка организација WWF (World Wildlife Fund).

Casot na planetata 2015 (5)

 

Casot na planetata 2015 (6)