Магазин

ФОТО: Графит во Бања Лука меѓу десетте најдобри

ФОТО: Графит во Бања Лука меѓу десетте најдобри

Неодамна завршениот графит кој краси една зграда во населбата Борик во Бања Лука се најде на четвртото место на листата „Десет најпопуларни улични уметности во ноември 2014“, која ја прави порталот Steet Art News.

Графитот е насликан во рамки на фестивалот Graffiti jam Flaster, а автори на делото се уметници од Белград и Загреб, кои осум часа дневно поминувале на скеле цртајќи го ова улично ремек дело.

За изработката им биле потребни 200 канти боја, а делото зафаќа површина од 180 метри квадратни.