ФОТО: Графити против лидерот на „Достоинство“ се појавија во Скопје

Скандалозниот статус на претседателот на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов во кој гордо рече  дека тој сака заедно со УЧК да оди против власта на ВМРО-ДПМНЕ, предизвика реакции кај граѓаните. Утрово низ Скопје осамнаа графити со кои граѓаните јавно покажаа што мислат за ваквите изјави на Ангелов.

Покрај тоа што дел од граѓаните синоќа на социјалните мрежи го изразија својот револт за овој последен настап на Ангелов, дел од нив и на ваков начин, со графити, го искажаа своето мислење.

s_angelov (1)

Инаку, Ангелов вчера реплицирајќи му на новинарот Драган Павловиќ- Латас, рече дека тој е подготвен со УЧК и командантот Валтери од ветераните на УЧК да оди против власта и Латас. Притоа, тој го замоли уредникот на Алсат-М, Мухамед Зекири да му организира и ТВ емисија со командантот Валтери.

По објавувањето на неговиот статус се огласи и Основачот на Здружението на ветерани на УЧК кој рече дека е подготвен за дебата.