ФОТО: Граѓаните гневни на насилниците на СДСМ кои им посакуваат смрт на полицајците

„Куманово да ви се деси!“ Оваа порака им ја упатија хулиганите на полициските службеници. Граѓаните на социјалните мрежи го изразија својот револт и својот гнев кон насилниците на СДСМ кои им посакуваат смрт на полицајците.

Хулиганите кои вчера дивееја низ Скопје, уништуваа приватен имот, тепаа и навредуваа полицајци, поттикнати од СДСМ и СОРОС, а една од нив, која е дел од сите протести организирани од СДСМ, дерејќи се по полициските службеници им посака да се повтори Куманово, со што директно им посака смрт.

Граѓаните се уште чувствуваат болка по загинатите херои во Диво Насеље, а по ваквото однесување кон полицијата не го криеја својот гнев и својот револт на социјалните мрежи.

Припадниците на безбедносните сили се наши херои кои ризикувајќи го својот живот ги бранат нашата држава и народ. Поддржувачи на СДСМ на овие лица им посакуваат смрт.

На социјалните мрежи, граѓаните го споделуваат видеото каде оваа девојка, Божиновска, ги нарекува полицајците „овци“, „ретардирани“, „малоумни“ и им порачува „Куманово да ви се деси“.

Граѓаните испраќаат критика на сметка на СДСМ, партијата на Заев која јавно дава поддршка на овие протести и не се оградува од ваквите чекори.

„Имаат ли СДСМ дно?“, „Куманово да им се деси? Па понормално нешто не ни очекував од вас…предавници уште од мајчина утроба! Да посакаш смрт на некој што ти го штити домот и фамилијата, треба да си болесник, психопат! ДНО СТЕ СИТЕ ДО ЕДЕН!  СРАМ ЗА МАКЕДОНИЈА!“, „Само Господ може да суди“… пишуваат граѓаните.

Низа гневни граѓани испраќаат коментари со осуда до ваквото однесување, а во продолжение порталот „Курир“ пренесува дел од нив.

komentari-bozinovska komentari-2bozinovska komentiri-3bozinovska komentari-4bozinovska

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.