ФОТО: Граѓани масовно се упатуваат кон СЦ „Борис Трајковски“ на собирот на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните веќе започнаа масовно да се собираат за најавена трибина на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во спортскиот центар „Борис Трајковски“, која ќе започне точно напладне и  на која ќе се обратат лидерот на партијата и премиер Никола Груевски и други нејзини членови.

На еден час до почетокот на трибината, голема број граѓани веќе можат да се забележат во и околу Градскиот парк, од каде ќе се упатат кон спортскиот комплекс. Реки од народ веќе се упатуваат кон овој дел од градот, а очекувањата се дека ќе присуствуваат илјадници граѓани.

Организирањето на овој собир, кој е планиран како трибина, доаѓа како резултат на автохтона иницијатива на повеќе општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ и искажаната енергија што членството ја чувствува по најновите политички настани и потребата од одговор. Не се исклучува можноста овој настан да биде почеток и дел од еден можен карван, кој би продолжил понатаму во повеќе градови низ државата.

narod-1

– И покрај тоа што СДСМ сака да ги замрзне и да фрли сенка на сите позитивни процеси во државата што беа почнати во повеќе сектори од страна на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и последново намалување на невработеноста, нашата партија опстојува и ќе продолжи со реализација на своите ветувања и преземени обврски кон граѓаните. Ние сме им должни на граѓаните да го реализираме тоа што го ветивме, а им ветивме повеќе работни места, носење инвестиции, зголемување на платите, пензиите, социјалната помош, подобро здравство, нови болници, нови училишта, поддршка на земјоделците и многу други проекти поради кои граѓаните ни дале доверба на претходните избори. Ние имаме конкретна програма и држиме до дадениот збор дека ќе ја реализираме – изјавуваат во ИK на ВМРО-ДПМНЕ.

narod-2

narod-3