ФОТО: Граѓаните масовно ја поддржаа иницијативата Заев да се прогласи за велепредавник

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) синоќа во спортската сала во скопската населба Автокоманда, почна со реализација на иницијативата за покренување постапка за одговорност за велепредавство за лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Граѓаните во редици чекаа да го стават својот потпис на оваа иницијатива, а најавите се дека списокот со иницијативата за Заев да биде прогласен за велепредавник ќе ја помине цела Македонија.

ГДОМ продолжува со оваа иницијатива и собирање на потписи. Денес списоците ќе бидат оставени во Кавадарци, во среда поддршка за оваа иницијатива се очекува да дадат граѓаните од скопската општина Аеродром.

Неколку дена оваа акција нема да се реализира поради големиот христијански празник Велигден. Од следниот понеделник секој ден ќе се посетуваат сите поголеми општини и градови во Македонија.

inicijativaaa_2

Новинарот Миленко Неделковски на трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија побара лидерот на СДСМ да биде во притвор.

inicijativa_3

Тој истакна дека изминатиов период сите сме заложници на еден патолошки лажго и манипулатор.

-Има многу луѓе кои се судриле со законот, но сите излегле еднакви пред законот. Според уставот, пред законот се сите еднакви. Но за жал се испостави дека не е така, односно дека има некој поинаков. Во моментов имаме лице кое се вика Зоран Заев, на кое му е овозможено да се брани од слобода за аферата Пуч. Меѓутоа за да се брани така има 3 параметри- да не избега од државата, да не го повтори делото и да не влијае врз сведоците. Тие услови важат за сите! Сите го штитат Заев, а никој не го штити македонскиот народ од него, рече Неделковски.

inicijativaaa_4

Актерот Тони Михајловски потсети дека ГДОМ е направено со љубов и од љубов кон сопствениот народ.

-Му даваме поддршка на секој оној кој сака да ја реши оваа ситуација во која сме доведени до сега,  со правните институции кои му се на располагање. Им даваме тотална поддршка на оние на кои 9 години им ја даваме да го затворат секој предавник на Македонија. Да го тргнат од оваа земја и секој што работи против оваа земја да биде казнет и тоа на начин на којшто нема да се сети повторно да го прави тоа. Бидејќи ние од нашите злотвори најмногу патиме. Не постои народ на светот кој видел толку зло од редовите на сопствениот народ. И повторно ќе кажам- имаме ние љубов за нив, нека се свестат што прават, нека се вратат и ќе им простиме. Треба да си ја одлежат казната, но тоа не значи дека ќе ги мразиме, рече Михајловски.

Треба да ја спасиме од разнебитување нашата Македонија-порача професорката Виолета Ачковска.

-Македонскиот народ беше поделен на трите соседни држави кои во период од 20 години пробаа да го асимилираат и однародат. Но, никој не можеше да го спречи македонскиот национален подем, македонската национална свест која дојде до израз преку формирањето на првата современа македонска држава. Таа држава и таа слобода, македонскиот   народ ја доби со свои сопствени сили, никој не му ја поклони, рече Ачковска.

Таа потенцира дека Македонија е наш заеднички дом кој треба да го градиме со љубов и единство.

GDOMMM

– Република Македонија е нападната од домашни предавници и шпиуни во соработка со странска служба, а со огромна поддршка од соросовите платеници и медиуми, нагласи аналитичарот Александар Пандов, кој потенцираше дека соросовите платениците се најголемото зло кое што и се случува на Македонија.

– Тие луѓе се платени да ја делат Македонија, да не закрват, да внесат страв меѓу нашето население, на секој начин да ја осрамотат и во самата држава и надвор од нејзините граници. А предводник сега на сета оваа работа е лицето Зоран Заев, а тој е предводник не затоа што е многу умен, многу вешт или многу добар политичар, тој е избран затоа што човекот нема кичма, затоа што човекот едноставно не си ја сака државата и сега е искористен како марионета да исполнува туѓи странски сценарија, рече Пандов.

Тој додаде дека Заев и негоавта партија се луѓето што не го почитуваат претседателот како институција, го игнорираат парламентот на државата ја напаѓаат Владата, судскиот систем и на сите начини се обидуваат да ги урнат институциите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.