ФОТО: Гром удира во „Емпајр стејт билдинг“

За време на летна бура во Њујорк гром удри во Емпајер стејт билдинг, а еден фотограф ја забележа таа глетка.

Фотографот, Хенрик Молтке фотоапаратот го насочил синоќа токму кон Емпајр стејт билдинг токму кога гром одекна од небото и ја погоди зградата.

Тој снимката ја постави на ЈуТјуб, а фотографиите ги објави на Твитер со коментар: „Бум“.

Емпајер стејт билдинг, зграда од 102 ката, годишно во просек 23 пати ја погодува гром.