ФОТО: Груевски на Богојавление – Водици во Велес

Премиерот Никола Груевски денес присуствуваше на Богојавленски водосвет и фрлање на животворниот крст Господен во водите на реката Вардар, Мало мовче – Велес.

gr_veles_1

Во продолжение низ фотографии погледнете како изгледаше чествувањето на овој голем христијански празник во Велес.

gr_veles_2gr_vels_3

 

Светиот крст што беше фрлен денеска во водите на Вардар во Велес од Мало Мовче го фати 28-годишниот велешанец Драган Илков.

gr_veles_4gr_veles_5

Илков, кој првпат се фрла по крстот, посака среќа и благодет за сите православни христијани.

– Моментно сум невработен и во 2015 година  очекувам работа, а за себе и сите православни христијани среќа, благодет и здравје, изјави Илков, кому му упатија честитки премиерот Груевски и митрополитот на повардарската епархија Агатангел.

gr_veles_6 gr_veles_7

Илков доби подарок од Повардарската епархија, Општина Велес, ЈКП „Дервен“ и други спонзори и од кумовите на годинашната манифестација во Велес. По традиција Драган Илков со своите другари во наредните денови со светиот крст ќе ги посети домовите на православните верници во Велес.

gr_veles_8 gr_veles_9 gr_veles_10