ФОТО: Груевски на средби со граѓани во делчевско

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска го посети и село Вирче, Делчевско, каде што е завршен локалниот пат село Стамер – село Град  – село Вириче во должина од 3,2 километри, инвестиција од приближно 21 милион денари обезбедена преку Агенција за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Груевски направи и увид и во градежните работи за изградба на фекални канализации во селото Вириче  и во село Град. Вредноста на инвестицијата за изградба на целосна фекална канализација за село Град е 11.661.350 денари, а проектот опфаќа изградба на канализација во должина од 5.900 метри. Додека за село Вириче инвестицијата за изградба на канализацијата е 8 милиони денари.

Околу 400 жители на село Град на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски изразија благодарност за субвенициите коишто ги имаат добиено за помош во овоштарството и сточарството како главни гранки со коишто се занимаваат.

2

Изразија благодарност и за проектот рурален доктор во рамки на кој секој понеделник ги посетува во Делчево лекарски тим, а по потреба и патронажна сестра. Како  единствен проблем со кој се соочуваат го посочија откупот на млекото.

– Планираме на повеќе места и локации за откуп на дистрибутивни центри. И тука во близина на Делчево ќе понудиме на инвеститор локација за да се создаде конкуренција за откуп на земјоделски производи, а може и за млекара ако има заинтересиран, рече меѓу другото Груевски.