ФОТО: Груевски оствари средба со Дезир

Премиерот Никола Груевски оствари средба со Арлем Дезир, државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи и економски развој на Република Франција.

Груевски оствари средба со Дезир
Груевски оствари средба со Дезир

Како што информираат од Владата на Република Македонија, соговорниците се осврнаа на повеќе актуелни прашања од сферата на политиката, односите меѓу двете држави, можностите за нивно унапредување и збогатување,  како и за темата со европските интеграции на државата.

Груевски – Дезир: Потребна е заедничка и координирана соработка за прашањата со илегалните мигранти

На средбата соговорниците дале позитивна оценка за меѓусебните односи, кои се со потенцијал за дополнително развивање како на полето на дипломатијата, така и во полето на економијата.

Груевски оствари средба со Дезир
Груевски оствари средба со Дезир

Премиерот Груевски се заблагодари  за принципиелната поддршка која Република Франција и ја дава на Македонија за нејзините  европски интеграции кои претставуваат стратешка цел на државата и на чие реализирање активно се работи преку исполнување на повеќе мерки и реформи.  Соговорниците се осврнаа и на темата со илегалните мигранти при што се сложија дека потребна е заедничка и координирана соработка во поширок контекст, а во насока на разгледување на решенијата и преземање на одлуки и мерки кои ќе бидат во правец на надминување на актуелните состојби, се вели во соопштението.

Двете страни ја истакнале отвореноста за соработка за проекти во различни области кои ќе ја динамизираат економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.