Фото: Груевски пристигна во Брисел

Премиерот Никола Груевски пред малку пристигна во Брисел. Таму ќе учествува на Самитот на Европската народна партија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во рамките на Самитот ќе ја искористи можноста и да се сретне со Претседателот на ЕПП, Жозеф Долф.

Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја претставува Македонија во присуство на лидерите на земји-членки на Европската унија како и на претседателите на народните политички партии во Европа.

eppepp33

Европската народна партија е најголемата политичка партија на ниво на Европа, со најбројна парламентарна група во Европскиот парламент. Таа преставува најголемата и највлијателна политичка партија на повеќе одлучувачки нивоа во Европската Унија.

eppepp

Меѓу присутните на Самитот во Брисел по правило се и германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, премиерот на Полска Доналд Туск.