ФОТО: Груевски се сретна со британскиот министер за Европа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска оствари средба со британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон, кој престојува во посета на Македонија.

На средбата, како што соопшти партијата, соговорниците разговарале за повеќе актуелни теми поврзани со соработката и стратешките интереси, со претстојните избори и нивното спроведување, како и со глобалните предизвици во однос на мигрантската криза.

gruevski-sredba1-640x347

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакнал дека приоритет се организирање и спроведување на слободни и демократски избори на кои граѓаните во демократски амбиент ќе одлучат за иднината на државата. Тој посочил дека за остварување на ваквата цел потребен е ангажманот од сите чинители вклучени во процесот и нивни конструктивен пристап.

Груевски истакнал дека изборите ќе значат излез од наметната политичка криза по што институциите ќе го добијат потребниот капацитет за продолжување на реформите кои значат системско унапредување, подигнување на стандардот и решавање на проблемите на граѓаните.

На средбата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги афирмирал стратешките интереси на земјата за членство во НАТО и Европската Унија. Констатиран е и заедничкиот интерес за интегрирање на регионот во овие организации што ќе значи гарантирање на сигурноста, мирот и напредокот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.