Македонија

ФОТО: Груевски се сретна со индискиот премиер Нарендрa Моди

ФОТО: Груевски се сретна со индискиот премиер Нарендрa Моди

Премиерот Никола Груевски денеска во Индија се сретна со индискиот премиер Нарендрa Моди.

На Самитот присуствува и американскиот државен секретар Џон Кери, со кого Груевски имаше можност да поразговара. Премиерот Никола Груевски заедно со владина делегација во чиј состав е министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Џери Наумоф, заменик министерот за економија Христијан Делев и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекероски од денеска во наредните неколку дена се во економско политичка посета на Република Индија.

sredba_thumb_medium500_224

Премиерот Груевски во рамките на престојот во Индија ќе ги посети и градовите Ченаи, Калкута, и Џајпур каде ќе бидат преставени можностите за инвестирање во Република Македонија.