ФОТО: Груевски во економско-политичка посета на Индија

Претседателот на Владата, Никола Груевски делегација во чиј состав е министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф, заменик министерот за економија, Христијан Делев и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Климент Шекероски од денеска во наредните неколку дена се во економско политичка посета на Република Индија.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски престојува во градот Ахмедабад, каде учествува на седмиот глобален самит Вибрант Гуџарат кој ќе трае од денеска до 13-ти овој месец. Самитот го отвори индискиот премиер Нарендар Моди, а на истиот присуствува и американскиот државен секретар Џон Кери, со кого Груевски имаше можност да поразговара.

gruevski-keri-4_thumb_medium500_302

За време на самитот премиерот Груевски се очекува да оствари повеќе одвоени билатерални средби на политичко и економско ниво.

На овогодинешниот самит се очекува да присуствуваат околу 7.000 делегати, и тоа од академската средина, претставници на глобални компании и корпорации од автомобилската, технолошката, градежната, телекомуникациската индустрија, како и голем број политичари. На настанот ќе бидат присутни и главните луѓе на 50-те најголеми компании во Индија.