ФОТО: Груевски во обвинителството како жртва на уцени

И премиерот Никола Груевски денеска беше во Јавното обвинителство за организиран криминал, објави Пресс 24.

Премиерот пред обвинителите дал исказ во својство на оштетен во случајот Пуч, односно како жртва на уцена.

Токму за уцените кон премиерот, во случајот Пуч е осомничен лидерот на СДСМ Зоран Заев. Во јавноста веќе протекоа видео снимки од кабинетот на Груевски каде Заев му посочува дека поседува прислушувани разговори од странски разузнавачки служби.

За случајот Пуч како четвртоосомничен, во четврток исказ ќе даде Зоран Заев. Веќе бил распитан првоосомничениот Зоран Верушевски.

фото: пресс24