ФОТО: Групно венчавање во радовишко

Во манастирскиот комплекс „Св. Георгиј“ во Ораовица, вчера митрополитот брегалнички г. Иларион отслужи света Архиерејска Богослужба, после која го изврши чинот на групно ванчавање на постари брачни парови кои не беа венчани во црква.

rd_svadbaaa_1 (1)

Беа венчани вкупно 22 брачни двојки од радовишко кои беа претежно над 50 годишна возраст.

rd_svadbaaa_1 (2)

Исто така денес беше осветен и новиот манастирски конак чиј што ктитор е Николајчо Николов, а дел од средствата за изградбата се обезбедени од Општина Радовиш и Градоначалникот Сашко Николов и други донатори.

rd_svadbaaa_1 (3)

Со доградбата на манастирскиот конак се заврши големиот градежен проект во кој од 2012 до 2015 година се изградија и осветија манастирска црква, камбанарија и манастирски конак.