Фото: Гугл го направи првото куче-робот

Компанијата „Бостон динамикс“, во сопственост на американскиот гигант „Гугл“, го разви првиот робот куче.

Овој робот налик на куче наречен Спот, развиен е за потребите на војската и може да се движи по непристапен терен и да не изгуби рамнотежа.

Спот поседува сензори кои ја одржуваат рамнотежата и во најмалите препреки.

Овој вешт робот, тежи 80 килограми, комплетно е опремен со електрика, може да оди и скока, како и да се искачува по степеници и брда, пишува францускиот весник Паризијен.