Магазин

ФОТО: Гвен Стефани со нов непрепознатлив изглед

ФОТО: Гвен Стефани со нов непрепознатлив изглед

Гвен Стефани се појави на доделувањето на музичките награди Билборд со природна нежна шминка.

Гвен имаше сенка на очите, минимално количество маскара и безбоен кармин. Кога таа излезе на сцената, на публиката и требаа неколку минути да ја препознае.

– Знам дека на фановите не им се допадна овој излгед на Гвен Стеани, тоа јасно го покажаа на социјалните мрежи. Ја нашминкав како секогаш, само изоставив вештачки трепки и туш за очите, а на усните и ставив безбоен кармин, изјави нејзиниот стилист Арлт.

– Сепак, убаво си поминавме, не ги сфаќајте ваквите работи премногу сериозно, додаде тој.

Ова не е првпат пејачката, која е позната по огромните вештачки трепки на очите и црвениот кармин за усните, да се појави со нежна шминка, но овој пат промената навистина беше драстична. Целата работа отиде толку далеку, што фановите компјутерски додаваа дебел црн туш и црвен кармин на сликата на пејачката.