среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

ФОТО: Хероите загинаа бранејќи ја Македонија, а хулиганите на СДСМ посакуваат уште жртви

Во месец мај минатата година, Македонија беше завиена во црно, кога осум наши херои, припадници на безбедносните сили ги положија своите животи за да ја одбранат Македонија, а хулиганите на СДСМ посакуваат уште жртви.

zaginati-kumanovo-768x533

Поврзани вести

Во месец мај минатата година, Македонија беше завиена во црно, кога осум наши херои, припадници на безбедносните сили ги положија своите животи за да ја одбранат Македонија, а хулиганите на СДСМ посакуваат уште жртви.

По целодневната жестока битка со терористите во Диво Насеље, каде македонските бранители со сите сили и во служба на државата го бранеа народот и ги дадоа своите животи, македонскиот народ беше во длабока жалост.

Македонија тој кобен ден загуби осум херои: Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ.

Насилниците кои синоќа дивееја во Скопје, поттикнати од СДСМ и СОРОС удрија по македонската полиција. Полицајците кои постојано се во одбрана на граѓаните, вчера беа жртва на удари од неколку хулигани. Тие освен што ги тепаа и пцуеа македонските бранители, им посакаа уште еднаш да им се случи „Куманово“.

Народот е згрозен по ова. СДСМ и СОРОС како поттикнувачи на овие немири не се оградија од ваквото однесување. Така, преку ова видео беше испратена порака до цела Македонија, до сите граѓани. Но, ваквото нивно однесување со сигурност најмногу ќе ги здоболи мајките, сопругите и децата на загинатите во Диво Насеље кои го положија животот да спасат илјадници граѓани.

Мал дел од тие граѓани, со вжештени глави, на протести поддржани од СДСМ и СОРОС, посакуваат да има уште жртви меѓу припадниците на безбедносните сили.

Најчитани вести