(ФОТО) Херој, се фрли во студената Морава за да ги спаси заробените деца

Александар Ерац не можеше да дочека да стигне некои од спасувачките екипи, кои евакуирале други лица, туку самиот отиде по чамец во студената Морава за од населбата Грдица да ги извлече заробените деца

heroj 1„Постојано бевме во контакт со неколку семејства кои останаа дома, додека Морава ја поплавуваше Грдица. Не можев да чекам и сам отидов по чамец. Иако водата беше студена, сепак тоа не е ништо кога се работи за човечки живот,“ изјави Александар Ерац кој инаку е шеф на Канцеларијата за Косово и Метохија во Краљево.

Спасената мајка со децата беше престрашена, бидејќи цела ноќ поминала со малите деца а никој немало во близина да и помогне.

„Не можам да зборувам, цела ноќ размислував за децата. Не знаев што не чека утрото,“ изјави таа за Блиц.

heroj 2Во населбата Грдица поплавени се преку 300 домаќинства, околу 1500 луѓе се евакуирани, а спасувачките екипи со чамци константно доведуваат нови.Механизацијата е ангажирана во оваа населба и се поставуваат земјни бадеми за да се сопре подивенат Западна Морава.

Критично е во селата околу Краљево каде што има поплавени куќи.