ФОТО: Холандскиот амбасадор во посета на Охрид – Градот е безбедно место за сите туристи

Охрид е безбедно место за сите туристи, а политичките лидери во земјава итно да ја разрешат политичката криза во Македонија  која  има влијание врз туризмот, порачаа од Охрид градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорот на кралството Холандија во Р. Македонија, Вилем Воутер Пломп кој е во еднодневна посета  на нашиот град.

Се надеваме дека бројот на холандски туристи ќе го прати растечкиот тренд кој што го имаме изминативе години и од година во година ќе биде се поголем и поголем и тоа е јасна порака не само до граѓаните на Холандија туку и на сите евроспки држави, дека градот Охрид  се движи во вистинска насока и дека ова е безбедно место кое што УНЕСКО го препозна пред многу години како светско културно и природно наследство, изјави градоначалникот  на Охрид, Никола Бакрачески.

Амбасадорот Пломп  ги повика холандските гости без размислување да патуваат за Македонија и да го посетат убавиот Охрид. Притоа тој изрази уверување дека политичките лидери во земјава ќе донесат одлуки, прифатливи за македонските граѓани, кои како гласачи секако  ќе го имаат последниот збор.

Дефинитивно ги повикувам холандските гости да продолжат да доаѓаат во Македонија, а во исто време ја повторувам мојата порака но и порака од министерот од минатиот понеделник во  Брисел, која се однесува до политичките лидери во Скопје да изнајдат решение за политичката криза и итно да продолжат со приоритетните реформи,  изјави  холандскиот амбасадор Пломп.

holandski-ambasador-ohrid

Градоначалникот Бакрачески и холандскиот амбасадор Пломп, положија цвеќе на споменикот на познатиот холандски писател и новинар, вљубеникот во Охрид, А. Ден Долард.

Знаете дека уште во далечната 1939 година со својот роман “Свадба на седумте цигани”А. Ден Долард, ја опиша на најдобар можен начин убавината на Охрид и на овој крај, којшто на некој начин беше основен придивижувачки момент за развој на туризмот во Охрид, за привлекување на холандските туристи. Тоа е во најголем дел заслуга на она што Ден Долард со љубов го опиша за градот Охрид. Упатувам јасна порака до холандските туристи кои што престојуваат во градот и оние кои во иднина ќе дојдат во Охрид , да се чувствуваат тука како да се во свој град , да се чувствуваат безбедно и пред се присутноста на Амбасадорот денес е еден од начините да се промовира градот , не само во Холандија туку и во цела Европа, истакна градоначалникот Бакрачески.

holandski-ambasador-ohrid-1

Амбасадорот Пломп се заблагодари за пречекот и остварената средба со градоначалникот  Бакрачески како и  за добриот пречек на  холандските туристи кои се веќе во Охрид.

Ова е голема чест за мене што сум тука на ова историско место за холандскиот писател, новинар и патувач А. Ден Долард. Мислам дека Ден Долар е многу познат во Македонија, можеби поради три причини. Прво мислам дека тој е најголемиот Амбасадор во Македонија од Холандија и Западна Европа. Тој донесе многу туристи во Македонија во 70те години а тоа се случува и во последниве години повторно во убавиот Охрид но и Македонија. Втората причина поради која  тој беше  познат  е што беше   независен новинар. Тој патуваше насекаде во земјите , посебно на Балканот. Беше критички новинар. Третата причина поради која би го споменал е тоа што беше голем планинар. Беше патувач, планинар , вљубеник во природата. Сакаше да гледа  како туристите во  Македонија уживаат во големата природна убавина, посебно во Охрид .Токму Ден Долар е најзаслужниот за големиот број  холандски туристи кои доаѓаат во Охрид  изминатите години но и сега, истакна амбасадорот Пломп.

Од страна на двајцата соговорници беше  искажано очекувањето за  зголемување на бројот на холандски туристи во Охрид, она што во континуитет се случува до денес.