Македонија

ФОТО: Хомосексуалци во Скопје

ФОТО: Хомосексуалци во Скопје

Неговиот објектив ги следи младите хомосексуалци во секојдневниот живот и нивната борба да се справат со предрасудите и навредите од останатите кои ги осудуваат само поради нивната сексуална ориентација.

Во својата фотосторија објавена на economist.co , а Георгиев пишува дека Балканот порано беше непријателски настроен кон оние со друга религија, а денеска кон таа листа се додадени и хомосексуалците.

Георгиев вели дека стравот на младите јавно да ја признаат својата сексуална ориентација многу му отежнало при работата на фотоприказната, но додава дека конечно пронашол хомосексуалци кои му дозволиле да го документира нивниот секојдневен живот, но секако анонимно.

„Оваа приказна е слатка горчина. Ова е приказна на двојки кои живеат двоен живот и самци кои сакаат да имаат врска како и сите други. Ова е приказна за трансексуалец кој бил во врска со маж кој четири месеци не знаел дека таа е машко. Ова е приказна за Раинбоњ Фестивал, на кој сопственикот на објектот мислел дека фото изложба ќе биде премногу провокативна. Но, немаше потреба тој да се грижи, организторите не и дозволија на јавноста да се приближи“, пишува фотографот во воведот на фотосторијата насловена „Ок е да си геј“.

 

 Иван зборува со неговото момче во Старата скопска чаршија.

 Двајца мажи живееат како двојка 

            Иван му се јавува на своето момче додека седи во кафуле во Скопје. 

 

 

 Интимни моменти помеѓу геј двојка во приватен стан во Скопје. 

       Приватни моменти во стан во Скопје.

Истражување од 2010 година тврди дека 200.000, десет од отсто од популацијата во Македонија се геј. 

Пријателите го прифатиле Филип, но неговите родители не ја одобруваат неговата одлука да живее како жена.