ФОТО: Хорор во Индија-автобуси летаа од мост кој се руши

На автопатот Мумбај-Гоа во Индија се урна дел од стар мост, при што два или три автобуси со десетици патници паднаа во надојдената река Савитра.

Неколку часа од уривањето на мостот, што се случило ноќеска, спасувачите се уште во реката не ги пронашле возилата, ниту преживеани лица, пренесоа индиските медиуми.

india

Се претпоставува дека бројот на жртви ќе биде голем, бидејќи 22 лица се водат за исчезнати.  Мостот бил изграден во 1940 година.

india1-1-640x400