Фото: Храмот на сите религии

Храмот на сите религии е архитектонски комплекс во Казан, Русија. Тесни наредени на мало место, зградите со високи куполи, минариња и кули, ја претставуваат верската архитектура на главните религии во светот.

Комплексот може да се пофали како со христијански крст, муслиманската полумесечина и ѕвезда на Давид, така и со кинеската купола. Во зградите сепак не се одржуваат церемонии, бидејќи ова не е функционален храм. Комплексот е само културен центар, кој служи и како резиденција на сопственикот – локалниот уметник и филантроп Илдар Канов. Тој верувал дека сите религии се еднакви, поради што ги има собрано под еден покрив.

Канов ја започна изградбата на зградите во 1992 година, со тоа што комплексот се’ уште е во изградба. Планот на уметникот бил да изгради 16 кули, што одговараат на 16-те главни светски религии. За жал, сепак, Илдар Канов никогаш нема да го види нивното завршување, затоа што почина во февруари 2013 година.

hram1

Тој дипломирал на училиштето за уметност во Казан, како ексцентричен човек кој тврдел дека се сретнал со Исус Христос, кога имал само три години.

За време на својот живот тој создава над 70 скулптури и монументални декоративни елементи, како и стотици слики.

Некои од неговите најдобри дела ги украсуваат руските музеи, како и улиците на многу градови во Татарстан. Канов е познат и по неговите напори за лекување на алкохолизам, наркоманија, како и разни други болести. Всушност, неговите поранешни и сегашни пациенти му помагаат да се одржува и развива храмот, дали преку директно учество во изградбата или преку спонзорство.

Комплексот е популарна атракција во Казан, кој се гордее со мирниот соживот на различни култури, меѓу кои муслиманите Татари, православните Руси и други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.