ФОТО: Хрватската претседателка е обучен снајперист

Новата хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, не е само убава туку и опасна, а тоа го има покажано на дело.

Во времето кога таа била амбасадорка во САД, ги поразила највисоките офицери на хрватската армија во стрелање различни мети од пушка M16, на симулација на пукање во воена база на Националната гарда на Минесота.

Тогашниот заменик-началник на Генералштабот, генерал Славко Бариќ, еден командант на Армијата, генерал-полковникот Младен Круљац, воениот аташе на САД и генералот Паџен, сите тие забележале послаби резултати од Грабар Китаровиќ во трите серии стрелање на цели.

Од Колинда подобар бил само еден американски офицер. Китаровиќ тогаш објаснила дека нејзиниот успех не е случаен, затоа што татко и ја научил да стрела со снајпер.