ФОТО: Хумани во најголемата болка, бубрезите на Дејан спасија двајца браќа

Родители чиј син го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа решија да бидат хумани и во моментите на најголема болка и тага. Како што пишува Сител, нивниот Дејан не преживеа по тешката сообракајка пред десетина дена во Ѓорѓе Петров, бидејќи за жал утредента им подлегна на повредите. Во моментите на големата трагедија  семејството Јованоски  ја покажа хуманоста да се спасат други два животи, па одлучија да ги донираат органите на нивниот син.

-Многу голема беше болката и кога кажаа дека Дејан веќе нема спас јас во тој момент реков нека се спасат други два животи бидејќи имам две дечиња, едното има 10 години, другото, машкото има 4 години, раскажува за Сител Билјана Јованоска, сопругата на Дејан.

Бубрезите на Дејан  ги спасија животите на двајца браќа од Кумановско Проевце  29 годишниот Даниел и две години помалиот Бобан, кои се среќни што се живи.

-Посвеж сум, бубрег си е бубрег, секој ден по болници одев од 9 до 3 – вели Бобан Станковски.

Нема повеќе да одат на дијализа и со часови да бидат покрај апаратите за прочистување на крвта. Даниел ќе поминува повеќе време со едногодишната ќерка, а Бобан ќе шета со другарите.

Сестрата на Дејан вели дека нејзините и покрај големата загуба донеле правилна одлука. Ги повика сите кои ќе се најдат во иста ситуација да помогнат и да спасат друг живот.