ФОТО: Хурем роди керќа

Мерјем Узерли, актерката која се прослави  со улогата на султанката Хурем, вчера на свет ја  донесе ќеркичка Лара.

Среќната мајка се породи во Истанбул, а фотографија од раченцето на нејзината ќеркичка ја објави на нејзиниот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

1pregnanth

„Му се заблагодарувам на Господ што ми те прати и што здрава дојде на овој свет. Му се заблагодарувам на севишниот што имав сили да те заштитам од првиот момент: жива си и тоа е најголемиот дар. И се заблагодарувам на мојата блиска пријателка Ана што беше покрај мене за време на породувањето, и благодарам до целата моја фамилија, и секако, на сите вас, кои постојано ми испраќавте позитивни мисли и љубов. Ви благодарам многу!“,  напиша познататa султанка  Хурем.

pregnanth

Татко на Лара е богатиот турски бизнисмен Џан Аташ, ја остави Мерјем бидејќи таа не сакаше да абортира, за да пред неколку недели побара од неа да биде присутен на породувањето.