Свет

(ФОТО и ВИДЕО) Курдите објавија снимка од уништувањето на турскиот тенк кај Африн

(ФОТО и ВИДЕО) Курдите објавија снимка од уништувањето на турскиот тенк кај Африн

Курдските вооружени формации во северна Сирија објавија снимка од уништувањето на тенкот на турската армија во областа на градот Африн кога претходно викендова загинаа пет турски војници.

На видеото објавено на страницата на формацијата Rojava Defence Units на социјаната мрежа Twitter, се гледа како наведувана противтенковска ракета го пробива тенкот, по што следи експлозија на муницијата. Се истакнува дека лицето коешто гаѓало со противтенковски ракетен фрлач било припадник на Единциите на женската милиција на Курдистан. Моделот на провтенковскиот систем не е наведен.

Претходно во неделата вчерта турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека турската армија води истрага за потеклото на оружјето со коешто е уништен турскиот тенк. Анкара веќе има првични сознанија од која земја со овој систем биле снабдена милицијата на сириските Курди, Единции за заштита на народот (YPG), рече турскиот челник но не сакаше да даде детали, оставајќи следните денови тоа да го стори Генералштабот на вооружените сили, но напомна дека станува збор за „блиска“ држава.

Според либанскиот портал Al-Masdar, курдските бунтовници уништиле тенк „Leopard“, во кој загинале пет турски војници. На сајтот, исто така, беа објавени и снимки од разнесеното оклопно возило.