(ФОТО) Откриени скриени текстови на „празните“ свитоци од Кумранските пештери

Наводните „празни“ свитоци од Мртвото Море, познати како Кумранските ракописи, биле прекриени со невидлив текст, којшто ги опишува правилата на служба во храмот и еден од псалмите во една од најдревните непознати за историчарите варијанти, објави седмицава онлајн изданието на магазинот Live Scence.

„Како по правило, историчарите работат со овие свитоци, веќе обработени и прочистени од нечистотии и талози. Овие парчиња папирус, со коишто имав среќа да работам, никогаш не биле исчистени и дури не биле гибнати. Кога го видов првиот фрагмент, забелажав едвај забележлива буква и сфатив дека во нив се крие нешто интересно“, вели Орен Ејблман, од Министерствто за старини на Израел.

Пред околу 70 години, бедуинските овчари открија во областа на Мртвото Море древни свитоци кои подоцна станаа светска сензација. Научниците ги нарекоа Кумрански ракописи, според пештерите каде што биле пронајдени. На нив беа дешифрирани текстови од старозаветните книги, библиски апокрифи и литература којашто го опишува животот на јудејската воинствена секта Есени.

Како што покажала анализата со радиокативен јаглерод, поголемиот дел од текстот е напишан пред повеќе од две илјади години, во III / I век пред нашата ера а некои други свитоци се покажале уште постари. Сега тие се чуваат во Нацоналниот музеј на Израел како најголемо богатство на земјата. Научниците сметаат дека во горите во близината на Мртвото Море постојат уште неоткриени многу историски вредности, и во оваа област редовно се вршат апсења на диви археолози од кои одземаат скапоцени артефакти кои се наменети за црниот приватен колекционерски пазар.

Ејблман и неговите колеги дошле до своето откритие проучувајќи ги белешките од папирусите и малите фрагменти од хартија најдени во единаесеттата Кумранска пештера. Претходно тие се сметаа за целосно празни и оти не содржат никакви значајни информации.

Како што претпоставува археологот, всушнсот текстот можел да исчезне како резултат на уништувањето на мастилото под дејство на природните сили и небрежно ракување со свитоците по нивното откривање. Ја проверил оваа идеја, осветлувајќи дел од непреработените остатоци складирани во складовите на музејот, користејќи инфрацрвена светлина.

Речиси веднаш потоа тој открил мноштво натписи на „празните“ свитоци и открил неколку интересни детали, коишто се однесуваат на славниот Свиток од храмот, најдолгиот ракопис од Кумранските пештери, како и неколку други религиозни текстови.

Поточно, археологот открил уште еден фрагмент од Свитокот на храмот, чиешто постоење укажувало на тоа дека во пештерата се чувале само три копии од овој документ, како и дека дел од свитокот (ролната) со паслми е од времето на Вториот храм, коишто биле запишани во малку поинаква верзија во споредна со денешните варијанти на Псалтирот.

Покрај тоа, еден од папирусите бил прекриен со текст напишан на многу стар дијалект на хебрејскиот јазик, чијашто припадност научнциите допрва треба да ја откријат. Како што истакнува Ејблман, уште 19 кутии со стотици ракописни белешки се’ уште остануваат непроучени.

На овие „празни“ папируси може да се кријат и други текстови, коишто историчарите сега се обидуваат да ги најдат со помош на инфрацрвени камери и специјални спектроскопи, коишто се создадени во NASA. Нивното проучување, вели Ејблман, ќе ги збогати нашите претстави за културуте на древниот Израел, речиси целосно уништени во минатото во текот на постојаните конкикти во регионот се’ до денешни дни.