(ФОТО и ВИДЕО) Силна експлозија во Лестер, британската полиција на теренот

Британската полиција потврди дека нејзините припадници се испратени на теренот по силната експлозија во Лестер во централна Англија.

На снимките поставени на социјалните мрежи се гледа голем пожар во центарот на градот. Британските медиуми јавуваат дека во експлозијата се уништени една куќа и продавница. Медиумите, повикувајќи се на изјави на очевидци, дека детонацијата била извонредно силна.

„19,19. На Хинкли роуд во градот Лестер се случи голем инцидент. Сите спасувачки служби работата не местото. Улиците Карлајсл и Хинкли се затворени. Ве молиме, држете се подалеку од местото“, се наведува во соопштението на полицијата.

Агенцијата .Press Association јавува дека на местото на експлозијата се испратени шест противпожарни возила, како и дека засега нема извештаи за настрадани. Не е позната, исто така, причината за експлозијата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.