(ФОТО и ВИДЕО) Судир меѓу Палестинци и израелски војници на границата во Газа

Илјадници Палестинци од енклавата Појас Газа се собраа во петокот на протестите на повеќе места на границата со Израел и протоа избувнаа судири со израелските војници.

Според палестинската Црвена полумесечина, од огнот кој го отвориле изралеските војници биле ренети 54 палестински демонстранти.

Рано во петокот утрото, пред започнување на протестоt, еден Палестинец загинал во израелски артилериски оган врз југот од Појасот Газа, објави палестинското министерство за здравство.

Демонстрантите се собрале на повеќе места по должината на границата по повод традиционалнатото протесно движење наречено „Голем марш на враќањето“ кој би требало да трае шест седмици и со кој се бара „правото на враќање“ на палестинските бегалци и се осудува извонредно строгата израелска блокада на Газа.

Првиот ден од протестот на движењето се совпадна со Денот на земјата, со кој секоја година им се одава почест на израелските Арапи убиени во 1976 година во текот на протестите против конфискувањата на нивните имоти.

Портпаролот на израелската војска потврди дека илјадници Палестинци учестуваат на протестите на шест локации во Појасот Газа. Според него, тие израелските војници ги напаѓаат со запалени автомобилски гуми и камења.

„Израелската војска воспостави околу Појасот Газа затворена воена зона и за сите активности во тој сектор потребно е нејзино одобрение“, појаснил.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.