(ФОТО и ВИДЕО) Турски патнички авион се запре на половина карпа

Патнички авион на приватната турска воздухопловна компанија „Pegasus“ со 162 патници и шест челнови на екипажот во саботата по слетување на аеродромот во Трабзон се излизгал од замрзнатата писта запирајќи се на стрмната карпа во калта само неколку метри од црноморскиот брег.

Авионот кој долетал од главниот град Анкара останал на стрмнината. Гувернерот на покраината Трабзон изјавил дека нема повредени меѓу патниците и екипажот. Веднаш биле преземени сите неопходни мерки за безбедно да се евакуираат патниците од трупот на авионот.

Во неделата сообраќајот на меѓународниот аеродром во Трабзон по привременото сопирање на сител летови, е продолжен во нормалниот режим.

На драматичните снимки се гледа како од авионот, заробен во калта, отпаднал едниот мотор како и дека од пилотската кабина излегувал чад.