ФОТО: И во евтин фустан таа е убава

Ова не е прв пат војвотката од Кембриџ да се појави во фустан кој секој може да си го дозволи.

Таа вчера го посети детскиот центар „Брукхил“, а за таа прилика одбра црн фустан со бели точки кој чини само 50 фунти.

Иако веќе е во подлабока фаза на бременоста, Кејт и понатаму ги извршува сопствените должности. Многумина коментираа дека Војвотката е многу скромна па облекла фустан кој е достапен да се купи и на интернет.

kejt_2

Откако таа се појави во оваа креација, фустанот беше распродаден само за неколку минути.

Таа уште еднаш покажа дека може да изгледа сјајно и во фустан што не чини многу, слично како и пејачката Бионсе која често се појавува во облека од телевизиските продажби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.