Свет

ФОТО: ИД користи фотографии на деца за сопствена промоција

ФОТО: ИД користи фотографии на деца за сопствена промоција

Фотографиите на деца за кои постои сомненија дека се деца на австралискиот терорист Калед Шаруф се појавија на општествените мрежи. Тие се користат за пропаганда на ИД.

deca_id_2

Децата на фотографиите се насмеани, а покрај нив се наоѓаат автоматски пушки, а зад нив има знаме на ИД. Последната фотографија на децата се појави на профилот на Твитер на жената за која се смета дека е ќерка на Калед Шаруф.

Натписот под фотографијата гласи: „Подмладокот на ИД, Алах да ги заштити од секакво зло“. На друга фотографија се наоѓа уште едно дете за кое постои сомнение дека е „модел“ за промотивни постери. Детето на тоа фотографија држи нож, а во позадина се наоѓа уште една автоматска пушка.

deca_id_3

Фотографијата е поставена на интернет откако група џихадисти заминале од Австралија на Блискиот исток. Припадниците на џихадистите Зехра Думан и Сухан Рахман му се заканија на премиерот на Австралија, Тони Абот.

deca_id_4

Думан исто така објави на социјалните мрежи дека членовите на ИД се наоѓаат во училиштата, работните места, улиците и дека се поблиску од било кога.