ФОТО: Илјадници велешани во одбрана на државата

Граѓанското движење за одбрана на Македонија денеска во Велес доби поддршка од илјадници граѓани.

Тие истакнаа дека изборите се единственото решение за надминување на кризата, која претставува сериозна кочница за напредокот.

Во Велес вечерва се одржува мирен протест на кој граѓаните изразија револт од деструктивната политика на опозицијата.

„Одбрана, одбрана“, ечеше низ велешките улици.

veles-0gdom-640x425

-Оваа држава мора да се одбрани и оваа држава не ја даваме на насилници и криминалци како Заев, истакнуваат поддржувачите на ГДОМ.

Освен во Велес, ГДОМ вечерва организира масовни и митни протести во Битола и Штип.

Претходно ГДОМ одржа масовни собири во Скопје каде над 20 илјади граѓани излегоа и мирно го изразија својот револт од кризата наметната од опозицијата.