Свет

ФОТО: Илјадници демонстранти пред Владата во Киев

ФОТО: Илјадници демонстранти пред Владата во Киев

Илјадници поддржувачи на европската интеграција на Украина ја опколија утринава зградата на владата во Киев и покрај забраната на киевскиот Окружен административен суд, за спроведување на протестите на плоштадот „Независност“, пренесе „ИТАР – ТАСС“ .

Демонстрантите го блокираа сите влезови на зградата, го запреа движењето на транспортот покрај зградата на украинската Влада, а пред главниот влез биле паркирани над 10 автомобили со знамиња на Украина и на Унијата.

Учесниците на протестот им препорачуваат на вработените во Владата да се вратат во своите домови, бидејќи денес е прогласенанационален штрајк против политиката на власта.

Градската управа на Киев и синдикатниот дом се окупирани од демонстранти уште од вчера. Во синдикатската централа е лоциран штабот на отпорот, создаден од опозицијата и мал прес центар, каде се наоѓаат и пратеници од опозицијата.

Поранешниот министер за внатрешни работи, Јуриј Луценко, соопшти на митингот дека демонстрантите ќе ја држат Владата „под мирна опсада“.

Луценко ги повика демонстрантите да протестираат само пред зградата на Владата, но не и пред оваа на претседателската администрација, каде вчера имаше обиди да се пробие полицискиот кордон.

„Денес почнуваме да ја пишуваме историјата на нова Украина“, изјавил Луценко.