Фото: Има 45 килограми и постојано е на диета

Наташа Куф, нутриционист на славните личности, смета дека моделот на Живанши и ријалити ѕвезда Кендал Џенер е страшно неухранета. Имено, Кендал има само 45 килограми, што е дури за 14 помалку од нејзината висина.

Полусестрата на Ким Кардашијан претерала со диетите, смета Наташа. Деветнаесет годишната Кендал е висока 177 сантиметри, а Куф истакнува дека со таа висина треба да има најмалку 59 килограми.

Извор за „Радар Онлајн“ тврди дека сето ова е резултат на трудот кој Кендал го вложува, а кој се бара на модните писти.

Инаку таа држи диета која се состои во пиење на чај за детоксикација и тоа 12 пари повеќе отколку што се препорачува дневно. Освен тоа, зема и разни додатоци во исхраната за да остане на иста килажа цело време. На иста диета е и нејзината двегодини помлада сестра, Кајли.

Извори на семејството Џенер тврдат дека Кендал не пати од пореметување во исхраната.

kendal-dzener-1415967701-51101