ФОТО: Имаат 19 деца, планираат уште едно

Американката Мишел Дугар и нејзиниот сопруг имаат 19 деца, а таа сака уште едно.

Изминативе 26 години таа речиси постојано е бремена, а Мишел вели дека и било необично кога во себе немала бебе.

Оваа жена знае се за проблемите кои мајките ги имаат со своето тело по породувањето. Со секое дете се здебелувала по неколку килограми, што  по 19 деца се здебелила за 20 килограми, но сепак таа спак го сака своето тело.

Семејството Дугар се христијани, а нејзината вера во Бога и помага на Мишел да не биде опсесивна по прашањето на својот изглед. Бог и го дал тоа тело па која е таа да се жали. Нејзината религија и помага да се мотивира за работа во оние утра кога со задоволство би останала во кревет. Сфатила дека Бог сака таа да се грижи за своето тело.

Луѓето често грдо се шегуваат на сметка на тоа што Мишел и нејзиниот сопруг Боб имаат толку многу деца, но таа не се грижи за тоа.

– Не ги порекнувам другите критики, затоа што во нив може да има и вистина, но не допуштам тоа да ми диктира да бидам различна – вели оваа жена.
Таа и нејзиниот сопруг многу рано одлучиле дека нема да користат никаква контрацепција и пуштиле „Бог да одлучи“ колку деца ќе имаат. Тие веруваат дека децата се благослов од Бога како и се што доаѓа со децата.

misel1

– Стриите и салото на одредени места се печати кои ми ги оставија моите деца. Кога ќе ги погледнам моите деца се присетувам на тие стрии и си велам дека вределе. Не би ги менувала тие стрии за ништо – изјавила Мишел.
Заслугата за тоа што се чувствува убава ја препишува на својот сопруг кој никогаш не го критикувал нејзиниот изглед, дури ни кога била најтешка.

– Џим Боб никогаш не ја критикуваше мојата килажа, ниту кога се шегуваше на сметка на мојот стомак по породувањето. Тој е мојот охрабрувач – вели горделиво оваа мајка, која не сака да се споредува со другите жени и потенцира дека се прифатила таква каква што е.

Нејзината последна бременост се завршила со спонтан абортус во 2011 година но таа и нејзиниот сопруг сметаат дека е можно да имаат уште деца. Со оглед  на тоа што во изминатите 26 години постојано била бремена сега и е необично што не е бремена а сите нејзините пријатели и се чудат и и ја прашуваат: „Па зарем ти уште планираш да раѓаш“.