(ФОТО) Индиски бизнисмен ја плати венчавката за 251 девојка од различни вери

Индискиот магнат со недвижнини, Махеш Савани, ја платил групната венчавка на 251 сиромашна девојка во западната сојузна држава Гуџарат за двојки од хиндуистичка, пет од муслиманска, една од христијанска вероисповед и две девојки кои се ХИВ позитивни, вечерта на прославата на Бадник според Грегоријанскиот календар.

Савани со години наназад го плаќа и организира венчавањето на девојки коишто го загубиле таткото и не можат да ги платат трошоците за венчавката. Од 2012 година, бизнисменот помогнал 969 девојки да се омажат на ваквите масовни венчавки.

„Имам два сина и немам ќерка, иако отсекогаш сакав една. Овие девојки и се како мои ќерки, а јас сум како очув и многу ме весели да ги видам радосни“, изјавил за Reuters по телефон Савани.

„Нема ништо побожно од Канјадаан (хиндуистички обред на давање ќерка во бракот – з.р.). Оваа година еден од моите деловни пријатели, Батукбаи Мовалија, исто така, помогна во плаќањето на венчавката“, додал бизнисменот.

Освен плаќањето на обредот, Савани плаќа и подароци како што се златни и сребрени белегзии, како и апарати за домаќинството и мебел за секоја невеста до вредност од вкупно 6.250 американски долари, соопштил асистентот на бизнисменот.

Савани, исто така, ги плаќа трошоците по обредот како што се породилно отсуство и образование на децата.

Масовните венчавки се вообичаени начин на намалување на трошоците за сиромашните двојки во Индија. Таквите венчавки вообичаено ги организираат богатите филантропи, локалните челници или организации коишто работата во заедниците.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.