ФОТО:Институтот за патологија доби современа лабораторија за рано дијагностицирање на малигни заболувања

Современа лабораторија за молекуларна патологија и експериментална генска терапија вредна 300,000 евра денеска доби Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

На денешната промоција на оваа исклучително значајна лабораторија присуствуваа премиерот Никола Груевски и министерите за здравство и образование и наука, Никола Тодоров и Спиро Ристевски.

Lab 1

Како што истакна премиерот, лабораторијата, која е финансирана од проектот на Владата за набавка на современи лаборатории, е од исклучително значење за рано дијагносицирање на одредени  малигни заболувања.

Лабораторијата е многу корисна и веќе е користена во делот на научни истражувања.

Lab 3

„Ќе биде од голема корист, и за студентите на Медицинскиот факултет, кои што на вежбите ќе имаат можност, да ги разгледаат можностите и начините како се користи оваа лабораторија  и за кои цели, и за самите лекари и професори кои ја користат за научни цели, а пред се’ и над се’ за пациентите“, појасни премиерот.

Премиерот појасни дека се работи за лабораторија со која што ќе се помогне на многу пациенти или потенцијални пацинети. Ќе се превенира  многу болести бидејќи тие ќе бидат дијагностицирани  во раната фаза, како канцери на триоидна и надбубрежна жледа и други видови на канцери.

Lab 2

Тој додаде дека лабораторијата чини околу 300.000 евра и е во фаза на акредитација, а додека трае тој период професорите и лекарите од Институтот за патологија максимално ја користат.