ФОТО: Интензивно се работи на реконструкција на болничкиот комплекс „Св. Еразмо“

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески беше во посета на неколкуте локации каде интензивно се работи заврши со посета на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.

SvErazmo_kardiologija_240620164853

Во моментов во поодмината фаза е  реконструкцијата и адаптацијата на болничкиот комплекс . Во него ќе бидат сместени Одделите за ортопедија, трауматологија и комплексот за  кардиоваскуларни заболувања.

SvErazmo_kardiologija_240620164851

Реконстукцијата се одвива според предвидениот план и динамика. За седуммесечниот период  откако се започна со работа е направено многу.

SvErazmo_kardiologija_240620164852

Се уредуваат болничките соби, операционите сали, амбулантите и лабараторијата, а набавена е и нова опрема. Истовремено се изведуваат градежните работи во делот во кој ќе биде сместен Заводот за кардиологија.

SvErazmo_kardiologija_240620164854

Изведувач на градежните активности е градежната компанија  „ВИА Вевчани“ од Вевчани.