ФОТО: Исчезна 23 годишна Македонка која работела на брод

Веќе 4 дена родителите на Дениса Маркоска (23) немаат никаква информација за тоа зошто нивната ќерка не се вратила на работа откако бродот застанал на некое од пристаништата на грчкиот остров Крит.

Семејството Маркоски немаaт никаква информација ни од одговорните луѓе на бродот Серенисима (Serenissima) кој пловел под руско знаме, ниту пак од грчката полиција.

Дениса веќе две години работела токму на тој брод и годинава уште еднаш го продолжила договорот за работа на бродот. Набрзо по потпишувањето Маркоска мистериозно исчезнува откако бродот на 13 септември застанал на Крит. Никој не знае ништо. Никој ништо не видел. Само вакви информации добиваат родителите на Дениса. Тие велат дека грчката полиција води некаква истрага, ама со многу недоследности и грешки. Маркоски се уште немаат никаков официјален извештај од капетанот на бродот, ниту пак од грчката полиција или некоја надлежна македонска институција. Молат за помош.