Фото: Исчезна Мис Хондурас

Мис Хондурас, 19-годишната Марија Хосе Алворадо и нејзината сестра, исчезнале неколку дена пред натпреварот за Мис на Светот 2014. година во Лондон, пишува Daily Mail.

Полицијата веќе со денови трага по нив, а последен пат биле видени на роденденска забава на нивна пријателка. Тие изјавиле дека засега овој случај не го третираат како злосторство, но дека започнале со испрашување на луѓе кои се доведени во врска со исчезнувањето на девојките.

Санта Барбара е град во кој во последните неколку години има изразено висока стапка на криминал.

missisceznaaa

Марија на официјалната веб страна за Мис на светот, се опишала себе како личност која ужива во одбојка и ракомет.

Мајката на девојките, Тереса де Хесус, вчера порачала: “Отворете ги вашите срца и разберете ја мојата болка”.

“Има семоќен Бог кој гледа сè, и се надевам дека ќе бидат ослободени”, додала таа.

Изборот за Мис на светот започнува во четврток, а на истиот ќе се натпреваруваат девојки од 120 земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.