Фото: Испратена помош за 15 поплавени градови

Жителите на 15 поплавени градови низ Македонија, односно Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Кичево, Демир Хисaр, Велес, Неготино, Кавадарци, Куманово, Свети Николе, Штип, Радовиш, Струмица и Кочани, денеска и во следните неколку денови преку дистрибутивната мрежа на Црвениот Крст ќе добијат 1.200 хигиенски пакети за лична употреба со содржина за период од 2 месеца.

Помошта е обезбедена по консултација на Министерството за здравство во однос на основните потреби на ранливите категории граѓани, преку посебен фонд во рамките на буџетот на УНФПА, одобрен од Одделот за хуманитарен одговор.

Помошта е наменета за целната популација од 743 семејства и граѓани кои беа погодени од поплавите, односно граѓани чии домови биле поплавени или местото на живеење било изолирано според информациите на Центарот за управување со кризи.

Министерството за здравство во соработка со УНФПА и Црвениот крст ќе продолжи да ја следи ситуацијата во поплавените региони и доколку има потреба дополнително адекватно ќе се одговори.

Во прилог ви доставуваме и фотографии од дистрибуцијата на хигиенските пакети во Општина Могила – Битолско.

DSC_0174

DSC_0202

DSC_0208

DSC_0256