ФОТО: Источниот брег на САД зафатен од најголемото снежно невреме во историјата

Поради снежното невреме што го зафати источниот брег на САД, драстични мерки беа преземени во голем број држави, а во Њујорк и Бостон беа затворени метроата и патиштата, поради што градовите наликуваа на градови со духови, пишува Дејли меил.

nevreme_2

На една петтина од населението во САД му беше препорачано да се засолне од невремето, а голем број жители на Њујорк, Роуд Ајленд, Конектикат, Њуџерси и Масачусец беа приморани да се држат настрана од улиците.

nevreme_3

Возачите беа предупредени дека ќе се соочат со казна од 500 долари доколку ги игнорираат ограничувањата, со цел патиштата да се држат отворени за противпожарните служби, полицијата и брзата помош.

nevreme_4

Дури и продавниците кои што работат по 24 часа беа приморани да затворат, а театарските и спортските настани беа одложени за да се осигура дека сите навреме ќе се засолнат дома.

nevreme_7

Според метеоролозите сеуште точно неможе да се предвиди интензитетот на снежното невреме. Рекордни врнежи од снег се очекуваат во раните утрински часови во вторник, а се очекува и дека врнежите ќе достигнат историски пропорции.

nevreme_8

фото: dailymail.co.uk