ФОТО: Италијанците на „Филип Втори“ за малку се спасија од срамен пораз

Како и пред четири дена последните минути од квалификацискиот дуел се покажаа како кобни за репрезентацијата на Македонија.

Избраниците на Игор Ангеловски беа на пола чекор од вистинска сензација, но дуелот против фаворизираната селекција на Италија заврши со минибален и среќен триумф на „азурите”.

Гостинот прв дојде во водство со погодокот на Андреа Белоти во 23 минута, но Македонија направи целосен пресврт во второто полувреме со погодоците на Илија Несторовски и Ферхан Хасани.

Четирикратниот светски шампион израмни во 75 минута со погодокот на Чиро Имобиле, а истиот фудбалер повторно ја затресе мрежата на Богатинов во 90. минута.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.