Македонија

ФОТО: Иванов ја посети општина Василево

ФОТО: Иванов ја посети општина Василево

Во рамки на посетата на струмичкиот регион, претседателот Иванов ја посети општина Василево, каде оствари средба со жителите на село Пиперово.

Жителите на Пиперово се заблагодарија и ја поздравија посетата на претседателот Иванов, неговата посветеност на интересите на граѓаните и постојната присутност меѓу народот.

pip33

Во разговорите со претседателот Иванов, жителите на Пиперово изразија задоволство од инвестициите во нивната општина со цел нејзино урбанизирање и добивање модерен и современ изглед. Во делот на инфраструктурата беше посочено дека се реконструирани 4 локални патни правци, и во тек е изградба на канализациона мрежа.

piperovoo

Населението од Пиперово, кое во најголем дел се занимава со производство на земјоделски производи истакна дека од големо значење за нив се владините програми за финансиска помош на земјоделието, како и субвенциите за негово стимулирање. Воедно, беше посочено дека за младите жители во селото неодамна е изградено ново основно училиште и спортска сала.