ФОТО: Ивона Талевска нападната од демонстранти

Главната и одговорна уредничка на весникот Вечер Ивона Талевска како и двајца сниматели од телевизијата Сител вечерва беа нападнати од група демонстранти на плоштадот Македонија.

Како што објави „Вечер“ инцидентот се случил вечерва кога Ивона Талевска и двајца сниматели од телевизија Сител професионално го покривале процесот на опозицијата, односно протестот зад кој стои СДСМ.

Тие се движеле по плоштадот Македонија, кога група демонстранти, односно група од 15 лица почнале да викаат по нив и ги следеле до улицата „Максим Горки“. Кога уредничката Ивона Талевска и двајцата сниматели влегле во автомобилот кој бил паркиран во близина на плоштадот, групата од 15 лица почнале да го кршат автомобилот по што ги нападнале, т.е обиделе да се пресметаат со нив. Снимателите и Ивона Талевска се здобиле со повреди и расекотини по телото и лицето.

ivona_2

Инцидентот го потврди и уредничката на Вечер, Ивона Талевска која изјави дека тие со ништо не го предизвикале инцидентот

-Професионално го следевме, односно го покривавме процесот на опозицијата. Со ништо не ја предизвикавме групата, а сепак бевме нападнати. Не нападнаа кога влеговме во автомобилот. Ги искршија прозорците и не нападнаа, изјави Ивона Талевска.

Случајот веднаш е пријавен во полиција, а полицијата се уште трага по сторителите по што ќе следат и кривични пријави.

Повеќе за ова во Дневникот на ТВ Сител.